Па, главната улога е тоа што морам да се однесувам како адвокат и да ја бранам сопствената работа, да бидам подготвен во секој момент да дадам отказ и да се повлечам, зашто не сум навикнат - и навистина нема - да се потчинувам на произволната уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Иако претходно се пишувало и се претпоставувало дека “нешто“ се подготвува во Солун и во други градови на Македонија, сепак не се очекувало дека гневот на македонските револуционери ќе се насочи кон динамитни акции директно против европските интереси.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
За да не изгледа така, т.е. за да изгледа дека делото има чисто револуционерен карактер, се заклучило слични динамитни акции да се подготват во повеќе поголеми градови во Европска Турција - во Македонија и во Одринско.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Од вриежот што се слушаше во тврдината Аџи Јане и забитот насетија дека нешто се подготвува во неа, но не беа начисто дали бунтовниците се готват за борба или да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Храната што ја подготви во Солун им ја зедоа разбојниците, та останаа сосема без храна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се чувствуваше на мигови како Мојсие, кој мораше со години да се подготвува во егзил, за да го осмисли реалното враќање во ветената земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидуваше како моќен и мудар арапски раскажувач да ја долови суштината на палестинската драма, со сета своја афективна моќ да фасцинира и придобие што повеќе приврзеници.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ТИ,ти си само дел од оваа драма што потсвеста ја подготви во мене...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„А чичко Темелко подготвува во парк - шумата алеја со рози.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Иване, зошто Луков сите свои акции ги подготвува во мојов дом?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)