Фелдфебелот ги стави рацете на грбот, ги подрасчекори нозете со бели објала препашани со опути, ги поднаду градите за да го постави првото прашање како што треба, ама од тоа и Шишман се подисправи божем мирно по војнички да застане и камчето во џебот тропна, а градите на фелдфебелот му се подиздисаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)