„Каков процент?“, се вомјазив јас. „Процент“, се поднасмевна со наместена наивност, Пере. „Процент од продажбата“, рече. „За тебе, за в џеб“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)