Но хетеронормативниов систем може да поднесе одредени помали варијации на сексуалната преференција без да доживее никакви значајни промени на својата основна структура – и без да ја загрози општествената доминантност на единствениот облик на живеење во кој хетеронормативноста го има својот најмоќен и најнаметлив израз.
Хетеронормативноста, затоа, може да го преживее крајот на монополот што хетеросексуалноста го има во сексуалниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во идеален случај, треба да ги имаш сите тие компоненти заедно – или воопшто да ги немаш. (Ова е тоа што Ворнер го нарекува „тотализирачка склоност“ на хетеронормативноста).465
Со овој единствен облик на живеење се поврзани моделите на припадност во соодветна заедница, на јавниот говор и на себепретставувањето, на политичкото учество, слободата, семејниот живот, класниот идентитет, образованието, потрошувачката и желбата, општествената пројавност, расната и националната мечта, здравјето и телесното држење, довербата и вистината.466 Сите тие се поврзани со хетеросексуалноста како сексуална практика и преференција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие комбинираат и претставуваат единствен, уникатно вреден и горе-долу задолжителен општествен облик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)