Во септември 2007 Папазова, неможејќи да ги издржи условите за работа кои од дена на ден стануваа се понеподносливи, решава да си даде оставка т.е. поднесува барање за раскин на договорот за вработување (отказ даден од страна на работник) – за што работодавачот, следниот месец, своеволно, носи и посебно декларативно Решение бр. 03-48/3 за „доброволен престанок на работниот однос“ без отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Средствата се наменети за вработување, адаптација и опрема на работните места, а се добиваат со поднесува барање до Управниот одбор на Заводот за вработување кој одделува средства од Посебниот фонд.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во случај кога констатираните неправилности се навреме отстранети, инспекторот на трудот донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор, во спротивно поднесува барање за поведување на прекршочна постапка (чл. 3 од ЗИЗЕОТ/11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)