подучува (гл.) - дека (сврз.)

Ноќе зјапавме во небото скокавме во мислите од ѕвезда на ѕвезда и јас како постар ѓоа те подучував дека патот до среќната иднина е поплочен со светнати ѕвезди.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дење зјапаме во минувачките на плажата и како помлад ѓоа ме подучуваш дека годините сепак истекуваат и низ најгусто исплетените љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Пред двеилјади години, Синот Господов-Исус своите следбеници ги подучувал дека секогаш треба да го подаваат другиот образ ако претходно добиле шлаканица.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ноќе зјапаме во небото некако нѐ мрзи да скокаме од ѕвезда на ѕвезда и ти како помлад ѓоа ме подучуваш дека нема рампи само на патот кон среќното минато.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)