познава (гл.) - не (чест.)

10. Се довлечка тој некаде од мракот како волк пратен од темната рака на времето и издлаби во тебе длабнатинка црна полна со црвена вода што те поплави А ти не го чу не го чу и како да го чуеш во тоа итање и во таа радост што само иловицата на стиховите ја познава Не го чу не го чу не го чу и никој не те виде
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Кога ќе ме праша ѕидот: те потпира ли видот одговори место мене: Јас не сум Јас Кажи: Откога ме познава не ме дознава? Излажи: Јас сум ту си одам- ту ти идам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)