поигра (гл.) - со (предл.)

Преживувањето станува неподносливо кога помислувам на лудаците кои и понатаму стојат на кормилото на разбиениот брод, на сите оние страшни, испотени балкански властољупци кои се поиграле со милиони животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повторно судбината како да сакаше да си поигра со Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ех, колку, колку убаво би му било на Бојан да си поигра со срната, да ѝ шепоти, да ја гали, да го освојува нејзиното пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Произлегува дека нашите мисли токму во вакви моменти ни се измолкнуваат од контрола за да си поиграт со нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека Раиз ме информираше за настанатата ситуација, ќеркичката Јета се беше оттргнала од неговата рака и се беше доближила до војникот со бајонет на пушката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да го допре оружјето, да си поигра со него, не знаејќи сѐ уште за неговата намена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Напати тие се и деца кои се поигруваат со пакоста, па сакаат да ја потчинат за да им служи а притоа знаат дека јамката на зборот подобро од секоја вистинска јамка задушува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе го донесам и другпат да си поиграте со него“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)