Не гледам – разоткривам. Си поигрувам со боите, во себеси танцувам, го сенчам просторот па со сонце го збогатувам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мене ми се стемни: можно ли е Луција вака да постапува, да се поигрува со мене?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со силата на своето мото си поигруваш со судбините ги сотираш невистините..
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ѝ рекол да се врати, го повторил тоа уште еднаш и пак уште еднаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Без трепкање го гледала. Млак ветар си поигрувал со едно нејзино темнозлатно перче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека во неговата ординација бев седнат спроти него одеднаш доктор Настев ја извади минијатурната шупелка од фијоката, ја разгледа внимателно како да ги бара нејзините загубени звуци а потоа на чуден начин си поигруваше со прстите по нејзините дупчиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)