Ќе ѝ барам на етрва ми да ми покаже кој шеј каде стои и ќе разбера сѐ што има!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
23. Тоа покажа кој најмногу е заинтересиран за македонското движење затоа го пренесоа центарот негов во Македонија и направија уште еден цел ред фокуси за да се покаже оти брканицата е однатре и е самородна појава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Составувањето на речникот конечно требаше да покаже кој е во право.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој одговараше за своето! Но иднината ќе покаже кој беше во право...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се фалеше тој како да има којзнае колку пари, ми го покажуваше прекрасното кремасто одело што го носеше, дури го соблече сакото и го сврте од внатрешната страна за да ми покаже која марка е, не се сеќавам сигурно но мислам дека беше Армани.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Партијата, барем ослободувајќи нè од верата покажа кои сме и што сме!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Вие двете, смрдли светски, чудо сте невидено, вие сте пичка и пол,“ им велеше Андон, а тие се кикотеа и велеа „Ние сме две пички по пичка и пол, а ти си само едно куре,” и пак се кикотеа и, божем да му покажат кои се и што се, се лизнаа една на друга (испотени, тоа го направија лесно), Азра легна на креветот грбечки, Лилица помешечки легна над неа, но од спротивната страна на нејзиното лице ѝ ја пикна главата меѓу нозете и започна да ја лиже, чувствувајќи го истото меѓу своите нозе, подземајќи го тврдото и разиграно јазиче на Азра која, лежејќи под неа пак во најдолниот дел од отворот ѝ ги спушти средниот прст и показалецот до најдлабокото, при што Андон (за да им покаже кој е и што е) беше веќе качен над Лилица, со свиткани коленици по страните и со силен крик на страст заривајќи ја машкоста меѓу нејзиниот широко отворен задник, ѝ го полнеше анусот со сперма, пцуејќи ја, гмечејќи ѝ ги рамениците и гризејќи ја по плешките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се однесувам како новинар кој зема фотографија и ја сече по основните контури.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
А зошто не покажете кој е тој?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ќе им го покажам Бога, свикав тогаш сам во собата, ќе им покажам кој е нивниот бог!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Почна Зоки да учи да брои. Му покажаа кои се бројките до десет, тој ги повторуваше цел ден и сите помислија дека ги научил.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
И ќе замавтаа со раката со оние стаклени и златни нараквици што го покажуваа времето, или покажуваат кои се тие, или едноставно проблеснуваат како пајаковите очи спроти сонце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)