Знаеше, но од некоја чест кон него извести: господи, јас располагам со семето на сите миризби а тие се скриени во Е и уште не го дорече тоа – дворот замириса и некаде пред изгрев, на довик на мирисот, на чардаците манастирски се покажа млада жена што ги полеваше пеејќи им.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)