покаже (гл.) - токму (прил.)

Муштерија чека Адембег за чифлигот и ќе треба да се покаже токму по беговски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ја покажуваат токму можноста за делување на принципот на нарачка и на овие простори - продукцијата на делото за нашите автори е често непремостлив финансиски проблем.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Има мигови кога душата шепоти.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во еден период, размислувајќи за мајкините солзи во животот, чиј вкус речиси и никогаш не го почувствував, ниту можеше да се дознае нивниот состав, помислив дека можеби душата се покажува токму низ солзите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговиот Автопортрет (настанат околу 1605-та, сл. десно) покажува токму такви особини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)