Како што закркоре пукотницата така се појавија некои тешки возила со гасеници и со рилки како чистачи на снег така што не знам дали поскоро паѓаа трупови покосени од рафалите или местото се чистеше како ништо да не било.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Владетелите на оние градови кои граничеле со вода, потплатувале бродари да ги соберат лудите, и така бродовите пловеле со несреќниците врзани на палубите, кои ако ги преживееле жедта и гладта, ако не биле покосени од ветерот и студот, биле тајно истоварувани на првото пристаниште, а ако тоа не било можно, ги исфрлале на некое ненаселено копно, или ги фрлале во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)