Дури и некој рак крај рачица, дворјанка в чипки, ја покрил главата со мрак, се зграпчил за опаш со штипки и солза пролеал: - Баро, бунефациска баро, подобро беше сите заби да ме болеа отколку еден царот!
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Винстон ја покри главата со рацете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Периката ѝ ја купи татко ѝ кога отиде да ја земе од болница, за да ја покрие главата, сосема оќелавена од долгите месеци зрачења.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И да се прекрстам, и вака да си ја покријам главата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас, фала богу, си ја покрив главата со штипките и спраштив рикверц, зашто ние од нашата сорта можеме да одиме нанапред и кога се движиме рикверц.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ги покриваат главите со ист молитвен шал, и кога Алегра го допира со лактот, Јехуда го чувствува стариот трепет на нејзиното тело. Рабинот го полни пехарот со вино и ги кажува седумте благослови спомнувајќи ги младенците како заљубени пријатели.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рабинот му дава на Јехуда да отпие голтка од виното, а потоа пехарот ѝ го подава и на Алегра.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пред да ми ја покрие главата, успеав на таблата што стоеше крај патот да прочитам: „Кажани“.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во мракот влеговме во град и низ тесни улици камионот излезе на рамнината над која високо се дигаше чад.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Откако се збогува со својата сопатничка, Марија сакаше да ја врати прекривката, но жената ѝ рече да си ја покрие главата додека поминува низ дворот и да ѝ ја врати на влезот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Автобусот тргна и не ѝ дозволи да каже уште нешто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па после и јас зедов, ја сопашав скутината и му ја покрив главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)