Тоа силно го трогна, по првпат некој од Акиноските оставаше завет да биде закопан тука, во Потковицата, на Горник, заедно со луѓето со кои го поминал векот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Проклет да бидам, требаше да поминат векови повторно да се распознаваме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Плачеш еднаш за ова, плачеш после за она и сѐ во плачење ти поминал векот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)