Не помина долго време Спасе го викна на една домашна журка во населбата Жганец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Секој поединец, на кого ќе му се случи да не го сфати ова правило ќе мора да го помине долгиот пат на превоспитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неупатеноста никого не го ослободува од вината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мајка ми со години планираше да отиде и да ја види братучетка ѝ, но никако да се крене и да го помине долгиот пат.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тетин ми ја подигна едната веѓа сакајќи да ми укаже на тоа дека слушнал, а тетка ми заниша со главата и констатира дека веднаш мора да јадеме.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не помина долго време кога една млада жена се приближи до неговиот дом, а потоа вратата се отвори, и таа влезе внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Помина долго време пред да ја посетам Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога влегов во нејзината соба, во нашата соба, таа седеше на креветот, со перницата в раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Посакав и јас да бидам таму и да ме боли она што ќе го видам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)