Според нив беше дојдено време да се види низ османското наследство, кое се покажуваше дека е тоа и балканско и дека во голема мера било жртвувано, особено во завршната фаза од агонијата на Османската Империја, се претвори, според тогаш западните освојувачки пропаганди во борба на цивилизацијата против варваризмот, на напредното против племенскиот примитивизам, на прогресот против ендемската заостанатост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Проблемите со нашите болести“, велеше, „настапуваат тогаш кога ќе бидеме упатени во валканиците на животот а не сме во состојба да помогнеме тие да се изменат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
XLVIII Пред и по секоја работна сесија Татко и Климент Камилски влегуваа и излегуваа од нивните единствени библиотеки на Балканот, според разновидноста и необичноста на собраните книги, со мислата дека и обајцата се впрегнати во историска мисија, а кога ќе бидат познати конечните резултати од нивната работа и ако Бог им помогне тие да бидат објавени, ќе се дознае на Балканот и подалеку дека нивниот труд не бил залуден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема поопасно од тоа“, тврдеше, „да бидеш не платен судија на животот, или, уште полошо, да ѝ бидеш адвокат на вистината.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)