Потоа дојдов до една нагорнина и повторно се искакав, валкајќи го местото каде што за да се качи, човек мора да си помогне со рацете.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Ајде, скокање, миење и на татка да му помогнеме со јајцето вапсано и светена водица да ја поминеме домата и имотот - со здравје и радост родна да ни е годината! - небаре песна пее си ја разбудила челатта.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Не треба ли да ги пронајде овие дечиња на својата соученичка и да им помогне со што било.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како да ѝ помогнам со врзани раце?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сонцето неуморно ја бараше. Тоа знаеше дека може многу да ѝ помогне со своите волшебни зраци.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И пак да се помогнеме со народната поговорка која вели: „Убавиот збор железна врата отвора.“
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)