Место тоа државата отпушта многу пари, ја помогнува нашата Задруга, од сето тоа можеше да се направат многу убави работи, само да имаше малку поинаков квас во себе, она кучкино копиле, или да беше некој друг на негово место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во него се истакнува: „2. За да може по еден мирен и брз начин да се реши воената ситуација во југословенска Македонија и со тоа да се помогне нашата акција против германските окупаторски сили на Балканот, треба да се постигне договор меѓу Вас и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија по што: д) Вие и војската под Вашето командување ќе се присоедини кон НОВ и ПО на Македонија и ќе преземете, под нивна команда, борба против германските војски; е) Или да ја евакуирате територијата на Југословенска Македонија окупирана од Вас, откако претходно ќе ги предадете Вашето оружје и сите воени материјали на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)