Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој го помогна и доаѓањето на германскиот принц Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) за бугарски кнез (1887), а самиот стана министер-претседател со изразито прозападна и антируска ориентација.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Е, арно, велат луѓето, ״помогни си првин сам за да ти помогне и господ“ , вели Лазор Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)