Она што се обидов да го направам, накратко, е да понудам концепциски модел за разбирање на комплексниот сооднос на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и културните практики и за реконституирање на општествената логика што го проткајува.
17 ЗНАЧЕЊЕТО НА СТИЛОТ
Не е некое изненадување што жанровите на дискурсот и чувствувањето, како и стиловите на личното изразување, излегуваат кодирани за род и сексуалност, кога речиси сите културни предмети се интонирани со слични видови значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целта, попрво, беше да се покаже каде човек би можел да тргне да бара објаснувања – имено, во начините на кои меѓусебно испреплетените констелации на општествените вредности поврзани со културните облици општествено се кодираат за родот и за сексуалноста и во начините на кои човечкиот субјективитет, вклучително и сексуалниот субјективитет, се конституира во однос на тие веќе постојни констелации на сексуално интонираните вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе видовме еден пример: нема ништо неутрално (или среднородно), изгледа, во „златни тацнички со куп шарени топчиња сапун“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Доволно е тешко да се расветли привлечноста што за геј-мажите ја има една сцена во еден филм со Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)