Ги обвинуваше најневините; најневините и најбеспомошните го носеа исконскиот грев – оние кои тукушто влегле во животот ги обвинуваше дека ја посакуваат смртта на оние кои тој живот им го дале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Чисти, негувани, стокмени – човек да ја заборави Венеција и да посака смрт во Рига.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Сите некогаш чувствуваме тага и најлесно е да се откажеме од самите себе, но само ако за момент помислиме на магијата што се крие во секој нов сончев зрак, нема никогаш да ја посакаме смрта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сетете се на искрите, моментите, сликите, спомените што ве обземаа со радост, сетете се на некои топли очи полни надеж, на некои меки усни полни разбирање, сетете се на едни прегратки кои ве чуваа цврсто до себе, на едно срце кое ве сака до небо и чека да се вратите за да ви ја покаже љубовта, таа бескрајна вселена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На таа вина, која, велеше, му е присушта на секое човечко суштество, себеси си додаваше уште една – тврдеше дека се сеќава дека уште како едно и пол годишен ја посакал смртта на тукушто родениот брат Јулиус, кој умрел шест месеци подоцна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)