Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)