Го молеа бога да им го остави жив, и му ветија, кога ќе порасне да му го посветат нему: да го изучат за поп.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се чинеше дека Марија созреала. Се откажа од своите соништа за актерството и му се посвети нему, како во работата така и во креветот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со него некогаш се однесуваше како со татко, некогаш како со сопруг, некогаш како со дете, најчесто како со научник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во четвртокот наутро, сѐ уште немаше никаква трага каде е и дали е жива.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)