Ранецот и понатаму е на рамото и мирува! Помислувам: веројатно се сетил на смртта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еднаш Марко Крале ја натрупа неа в торба и посегна да ја подигне барем до својата брада.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Наеднаш, се чини, посегнува да го симне ранецот, но и ова движење како да се забавува а потоа сосема запира.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)