Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета да влезе во првата колиба со „овчарот", а самиот тој продолжи до втората, што беше само на десетина метра оддалечена од првата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем Гар".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)