постеле (гл.) - со (предл.)

Бело е варосана и рамно од подот и покрај ѕидовите има подѕидови, исто бело варосани и послани со веленца и рогузини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Целата природа како да е послана со мека зелена јамболија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Меѓутоа, целото високо и ридесто крајбрежје на Рајна, и од една и до друга страна, е послано со лозја, па други и под самите врвови, кои некаде се повисоки од скопско Водно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ходникот низ кој ги поведе беше послан со мек тепих, ѕидовите беа обложени со светли тапети и бела дрвенарија и сето тоа беше беспрекорно чисто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Добрите луѓе им дозволиле таму, меѓу редовите на лозниците, да изградат соба од ќерпич, внатре ја послале со слама и, на четири кола врзани со сиџим и рогозина, навечер долго се гледале во очи, додека месечината го осветлувала нивниот нов дом.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Подот е послан со рогузи и стари истраени ќилими, а под камарите сѐ до вратата, поредени се перници полнети со слама.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Испод прозорците миндер послан со сеџаде (по возможност црвено) и подрен со бели перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подот е послан со килим, а покрај огништето има и кожа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одајата во која нѐ внесе домаќинката – широка, подот послан со шарени черги и на ѕидовите, во разни големини, обесени фотографии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паркот беше послан со мека трева, испресечен со патеки, покрај кои имаше клупи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неколку делчиња од паркот имаше дрвја, групирани така што потсетуваа на театарска сценографија која треба да претставува шума.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)