Кон пријавата за упис на основање на друштво во трговскиот регистар, основачите поднесуваат лична писмена изјава, заверена кај нотар дека не постои некое од ограничувањата 235 од овој член или друго ограничување, определено со овој закон, за да основаат друштво (чл. 29, ст.6 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се симнав по скалите, спуштајќи ги нозете така што да не правам тропот, божем постоеше некој кого би го разбудил и, по патот што нагорнуваше, отидов до местото каде што беше бунарот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во книгите пишува дека во овие места, во старо време постоела некоја богата населба, некаков град.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Развојот на Translation Studies како научна дисциплина би требало на некој начин да го подигне нивото на дискусиите за преведувањето и ако воопшто постои некој критериум за проценување на преведувањето, тој да биде етаблиран внатре во самата дисциплина, а не однадвор.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Иако постои некоја далечна можност од наведеното „хомосексуално однесување“ – да речеме, од многу гледање филмови како што се Булеварот Сансет, Сѐ за Ева и Се роди ѕвезда – да ви пострада здравјето, всушност, нема никаков закон против тоа, дури ни во Мичиген, па без никакви пречки продолжив да си го предавам предметот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Беше наслушнала дека на стотина метри од местото постои некоја стара, напуштена куќа, подобро урнатина во која пред војната живеел последниот потомок на семејството морепловци.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Постоеше некоја ритмична бодрост во неговото кажување, поигрување со сопствениот сомнеж. Па, и една игрива наивност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Бог, таков каков што си го замислуваат луѓето, не постои: постои некоја сила, натприродна, која управува со светот, додека луѓето се управуваат според својот сопствен разум и според своите закони.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Постојат некои детали што треба да ги договориме“, рече тој.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За нас е неподносливо да знаеме дека некаде во светот постои некоја погрешна мисла, колку да е скриена и неважна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во денешно време немаше пријатели, имаше само другари; но постоеја некои другари чие друштво беше попријатно отколку друштвото на други.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зошто сето тоа би изгледало неподносливо, ако не постои некој вид наследено сеќавање дека работите некогаш биле поинакви ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Емплфорт направи неколку несигурни движења од една страна на друга, како да мисли дека постои некоја друга врата низ која може да излезе, а потоа почна да се шутка низ ќелијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Постои некој што го сакаме, некој што нѐ сака.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За Татко секогаш постоеше некоја трета земја, најчесто имагинарна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се разбира, мислам на неговото однесување, но и на изгледот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во еден момент мислам дека преовладеа сознанието дека не постои некоја и премногу значајна посебност кај Роман Гигов што би нѐ упатила кон прекарот Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Множење со нула
Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сѐ додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сѐ додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нѐ потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус
сѐ додека
не остане
и не стане
сѐ
прааззззннноооо
ОО 00 оо
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дури и да го гледаше в очи, преку нејзините очи постоеше некоја мрена како кај животните кога тонат в сон.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Она што го доживуваме како тешка ситуација, несигурност - тоа не е абнормалност, туку перманентна човечка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Зарем постоела некоја штета од тоа што си ги клател нозете на палубата место да ѕемнеш под студената земја“?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Имено, вели тој автор, едвај можевме да ја раздвоиме жената од необрезаниот маж.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Пописот е прилично долг. 4Знаете, секогаш постои некој друг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да се каже дека знае повеќе, значи дека постои некое дефинитивно знаење, дека постои техника и дека може да им се предаде на квалификувани ученици.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи постои некоја Евелин. Па ова испадна не љубовен триаголник, туку четвороаголник- Филип, јас, Евелин, Оливие...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Пари нема, а и кога ќе се испросат (што додатно ве отсликува како бедник) и кога ќе го направите тој фамозен културен производ (лош, лош, лош) немате кому да му го потставите, бидејќи ниту некогаш постоела некоја попромислена политика на создавање како на релевантна културна критична маса така и на најобичен културен пазар, ниту сега постои, ниту некој прави сериозни обиди барем во иднина македонецот да се искачи барем за две-три скалила на европските листи на консумирање култура, каде што сме, заедно со Албанија, апсолутно заковани на дното.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Не раскинавме некоја одредена ноќ, како што и не постоеше некоја одредена ноќ кога почнавме да излегуваме, но се сеќавам на една есенска ноќ кога претпоставив дека бевме при крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бевме паркирани со Рамблерот во ќорсокакот на една улица со фабрики која беше нашата „патека на љубовниците“, слушајќи како ситен дождец и суви лисја ја прскаат хаубата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како и обично, дождот го заживуваше мирисот на пушена риба и колбаси во тапацирот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како да постоеше некоја приватна спогодба меѓу неа и Сврделот, таа како да му имаше речено, Добро, јас ќе те покривам пред власта колку што можам, но ти мене Германецот да не ми го гибаш!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)