Му кажуваше дека го открил излезниот пат од Беломорскиот канал. Морало да постои тој пат!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во неговото чувствување на човечкиот свет постоеја неговите изискателни авторитети, постоеше тој и амбицијата што требаше да ги задоволи желбите на патријарсите на неговиот живот, што со време станаа и негови желби; и потоа доаѓаа другите, останатите...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Колку долго постои тој? Со милиони години Земјата била ненаселена.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
До пред некој месец се сметаше за избраник на Севишниот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Само едно ме обесхрабрува: немаше да постои никаков почеток, ако не постоеше тој прв па нека е и погрешен одговор?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Проклет да бидам, пак што, можеби навистина постоеше тој рид, Сентерлевиот?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)