постои (гл.) - верува (имн.)

Постоеше верување, некаде до крајот на последната Голема војна, оттаму и името на кладенецот, дека таму, на Самовилец, живеат самовили и дека ноќе, на месечина, горе на Плоштината, играат ора со овчарите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, постоеше верување дека тука, на Видавнови Извори, доаѓаат да пијат вода душите на мртвите и сетците од црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гледаа во ѕвездите и гласно погаѓаа која чија е, а кога ќе му се стореше на некое за некоја од ѕвездите дека е негова, ја прескокнуваше, зашто постоеше верување дека тој што ќе си а погоди ѕвездата, ќе умре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои, позанесените, одеа дури и дотаму што покрај изворите оставаа храна за своите умрени, она што најмногу сакале да јадат додека биле живи, а мајките на младите умрени девојки, покрај храната оставаа и везило и белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И возрасните, без оглед на напорите во изминатиот ден, и без оглед на утрешните напори, долго не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)