постои (гл.) - луѓе (имн.)

-Како може да постојат луѓето кои непрекинато чинат зло на Земјава?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Секогаш постојат луѓе со кои можеш да разговараш“, вели Вуди Ален.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден човек гледа пред себе во воздухот како во некакво огледало во кое не може да го најде својот лик, и вика: „Кој сум јас? Кој сум јас? Кој сум јас?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојат луѓе чие Јас не е сигурно во себе, затоа што нивното Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И сѐ уште постојат луѓе кои тврдат дека животот не е вреден да се живее!“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Има луѓе кои ги доживуваат другите како нестварни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во овој забревтан, механизиран свет, многу значи кога околу тебе постојат луѓе, кои несебично те сакаат и во кои секогаш можеш да најдеш поддршка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Постојат луѓе чие Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои, па сега се распаѓа соочено со реалноста, и многу нешта ги доживува обездушени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)