постои (гл.) - извесен (прид.)

56. Бидејќи овие зборови им се упатени на членовите на МНЛД и на интелигенцијата надвор од Македонија, каде што постоеја извесни услови за слободен развиток на македонската национална научна мисла, тие имаат оправдување, но не можат во целост да се однесуваат и за македонската интелигенција што се наоѓаше во земјата, па ни за онаа во соседните монархии, зашто не постоеја ни елементарни услови за таква дејност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа значи, си велев, дека постои извесна можност да останал некаде некој талог повеќе, некој посигурен и поопширен документ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постоеше извесен одамна установен ред во вршењето на сите нужни работи што Бојан ги знаеше и за кои мораше да води строга сметка да не ги прескокне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веројатно постоеше извесна мала разлика во воздушниот притисок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше извесна симболика во тоа, зашто и нејзиниот сопствен маж беше испарен пред некоја година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)