Најчудно од сè беше што во тоа место постоеше мојата прва љубов, психологијата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И затоа повторно го одложував своето пишување за судбината на Арафат за Палестина, за неговото враќање во Рамалах. Судирите на Фатах со Хамас. Продолжувањето на војната.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во неа веројатно не постоела мојата немтуреста природа како ни каблите на кои требаше да се внимава.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Како да не постоеја моите дипломатски мисии, моите пријателства ширум светот кои можеа да бидат од интерес за малата Република Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да појаснам: Потекнувам од земја што не постои. Постои Земјата како планета, ама не постои мојата земја како Земја.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)