Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Песна Отсекогаш и насекаде, откако нештата постојат или не постојат, крвта и огнот, значи, песните и гуслите, боговите и празниците, отсекогаш и насекаде - бесповратно исчезнувало сѐ.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се чувствував необично, не беше тоа начин на кој некогаш јас сум постоела или сум се однесувала.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тогаш, во тие мигови, кога Богдан беше зад објективот, кога можеше да си мисли дека госпоѓа Мариела е на едната страна на светот (дека таа му припаѓа на еден свет), а тој на другата страна од светот (дека тој му припаѓа на друг свет), се раѓаше кај него прашањето за почетоците и мотивот на оваа епизода од животот во која, благодарение на жената (гола, раскошно убава, бавно растреперена во облините кои го исполнуваа просторот со таинствени содржини) што беше од другата страна на објективот, заборави дека тој живот може да биде празен и бесмислен, како што тоа често му се случуваше во тинејџерските години кога бараше спас од таа мисла во вбризгувањето со шприцот во некој агол од светот, или во светот на некој агол кој постоеше или не, или не мораше да постои, ниту тогаш, ниту сега.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)