Дека сум во право потврдува веќе нејзиното второ писмо од 10 мај 2000 година, во кое таа се повикува на романот на германскиот филозоф-прозаист Макс Пикар (Max Picard) Светот на тишината (објавен во 1952).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Фиксиран во твоите книги, тој свет не е само оска околу која се сложуваат и се развиваат Твоите фамилијарни приказни (целава Твоја сага што продолжува), туку е оска за самото твое пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)