Симан, несомнено, свесно ја жртвувал оваа идеја на Бојс врз која Рајтман до бесконечност критикува без воопшто, се чини, да забележи дека таа е константно проткаена со идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Едноставно забележувам дека наспроти еден ваков Бојс нема што повеќе ниту да се каже, ниту да се противречи.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Аргументите што ги изложив неодамна против идеите на Бојс (1) и од коишто денес многу малку би одзела, сами од себе се распаѓаат во мигот кога тие идеи се потиснати во втор план (како да се работи за грешки од младоста?) и кога во прв план испливува грижата за јасноста на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А кога ќе го обземеше лутина, тој успеваше да ја прикрие, да ја потисне во себе.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Колку што сакаше да ја оддалечи од сеќавањето, да ја потисне во себе до непостоење занданата на минатото, таа му се појавуваше каква што беше пред многу години кога стапуваше во неа дури помрачна...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но кој да навлегува повторно во спиралата на старите мисли, нека останат длабоко потиснати во потсвеста за да избијат еден ден во книга!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Само се потисна во заветот зад еден извишен клин од каменот и веќе не му беше потребно ниедно друго движење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќерката најпосле ги проникнува и ги отфрла мистификациите на родителскиот договор, сфаќајќи дека мајчините отровни изјави на љубов дејствуваат само како стратегии за озаконување на бескрајната емоционална злоупотреба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој миг на победоносна визија и отпор, ќерката ја остварува својата морална независност – иако историскиот одговор на мајка ѝ, увеличен со алкохоличарската дементност на ликот и разгорен од нејзината шумоглава лишеност од секакво чувство за општествена умесност, лесно го потиснува во заден план искрениот и самозадоволен морализам на ќерка си.
Во Милдред Пирс, пак, токму одбивањето на ќерката морално да надмогне во расправијата, нејзиното одбивање на сите семејни вредности, ја прават толку неодоливо привлечна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)