Ане од чучната положба се потпре врз тротоарот, го засили плачењето и лицето уште повеќе ѝ се искриви.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Вооружен со цврста решеност, потпрен врз мислата дека мора да издржи, се упати кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Татко пушеше цигара по цигара, дедо со растреперена рака сакаше да го припали чибукот, баба со рацете скрстени на скутот, се нишаше напред-назад, мајка со образот потпрен врз десната рака, гледаше во растрепереното пламенче на ламбата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дедо Димо стоеше потпрен врз дршката од секирата со која до пред малку нешто делкаше и немо гледаше во двете момчиња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се врати дома Петре, ја кладе главата меѓу дланките, се потпре врз исушениот орев и три дни и три ноќи од место не се мрдна, ни око отвори ни уста зина, ни касај касна, ни вода пивна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ковчегот е врз пресноископаната земја, поворката околу ковчегот, сите своите очи ги потпираат врз тврдиот поглед на старецот, а тој како да не сака во никого да погледне, неговиот поглед е устремен право нагоре во небото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Понатамошната евиденција на конфронтираните ставови околу преведувањето може да се извлече од начинот на кој образовниот систем во голема мера се потпира врз преведените текстови во процесот на учење, без да се обиде да го проучува процесот на преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)