Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот ѝ се одмаздува на љубовта поради моќта што љубовта ја има врз геј-мажите (затоа и добро се вклопува тоа што самиот камп е непривлечен), а тоа го прави во име на заедницата на геј-мажите во целина, со кои дели едно удобно, иако амбивалентно соучесништво.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)