Се плашевме од учителите, тие тепаа многу. Кога ќе почнеше наставата сите се тресевме и тоа што го знаевме поради страв и збрканост не можевме да го кажеме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Веројатно не сум знаел точно кога почнува наставата во Учителска, во записот стои дека тоа ќе се случи дури на крајот од месецот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)