Тогаш госпоѓата Гологанова се наведна, не за да го погали за збогум - на тоа таа не се осмелуваше да реши - туку само одблизу да му истепка некој љубезен збор, но Грифонот така се назаби и подзгрче, што таа во себе почувствува олеснување од помислата дека ќе се спаси од него, ја натера да зажали и да стане свесна колку погрешила што го зела дома.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Александар почувствува олеснување, како кога некој несакан гостин ќе го напушти домот во кој му е укажано повеќе од потребното гостопримство.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)