— Кроце, синко, полека. Полека зборувај да не му појде в уши на бегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега дури си спомнувам дека не и одговорив кога ме праша зошто Македонците појдоа в планина заедно Грците. Не знам... Зошто?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не знаеше дека по три години откако појде в школа се роди Јана. Слушаше и стануваше човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А и самиот еднаш е измамен, оставен, требаше порано да станам, да ја врзам сината кравата, да им појдам в пресрет на дрворедите. Едноставно, без патетичност.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Појде в болница. Кога се врати, не ја најде во станот. дојде по два дни а оттогаш се поретко го посетуваше и не претчувствуваше, не сакаше да претчувствува, дека, тој, измамениот човек, сознава се, во прегратките на жената се знае...
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Треба убаво да се изнавардиш па да појдеш в нужник или некаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зачекорил, застанал. Во мрморењето на луѓето можела да се чуе споулавеноста на стравот дека во ваква ноќ, трескава од свој студ, водата се дави во замрзнатите мочуришта и дека земјата, за да не се распука од глад, им ги џвака заспаните жилички на тревите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак зачекорил. Збиените луѓе како да му пошле в пресрет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште еден чекор, уште еден бескрајно долг чекор, и тој ќе се најде во пријателско шарско бачило, да дише меѓу ветрови испарување на овча волна и ненасито да се обновува со млако млеко, нем и тажен до денот на одмаздата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Живееме, се прпелкаме. Ќе дојде недела, ќе истребам грав, ќе го сварам и ќе појдам в црква на гробишта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)