Очите на попот наеднаш му појдоа накај прозорецот и запре со читањето. Стоеше како стаписан. Луѓето зафатија да мрдаат, да шушкаат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа само климна со спуштен поглед и зажарено лице, велејки „благодарам, пријатно“ и забрзано појде накај дома.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како и да е, се спреми, го наметна мантилот, ја зеде ташната и појде накај дома, минувајќи низ последните гости кои веќе ги земаа палтата од гардеробата спремајќи се да си одат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
“ Откако го изрече ова, тој, наместо да појде накај дома, тргна на сосема спротивната страна, и самиот без да биде свесен за тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Понекогаш, особено по втората смена, ќе се случеше заедно да појдат накај дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)