Така вели таа, а ние двајцата никако да сфатиме што има лошо во тоа да си кич дете и што нејзе толку многу и пречат нештата што нам ни прават задоволство.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Саше ми е прв братучед, бидејќи тетка ми Ана ѝ е сестра на мајка ми, и само шест месеци е поголем од брат ми, ама со него можам да се дружам и да си играм исто како да ми е врсник.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Притоа готвачот го истренира парчето месо да го фаќа в уста, да скока нагоре кон неговата рака, да му прави задоволство и забава.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Нему му е важно да се најаде, да се напие и да си се занимава со негови работи што му прават задоволство, а тоа се ѕвездите на народната музика, ама не на оние здодевни стари македонски песни, туку на неговите, што ги нарекуваат турбофолк музика.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Е, во нив Саше ужива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)