Ноќва виното другарува со моите усни додека ѕвездите прават пат за твоите мисли... јас ги редам зборовите како мозаик...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Човекот беше силно поднаведен, со издадени лакти, како да си прави пат низ турканица.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Низ дворот црковен луѓето тешко се пробиваат до црквата, особено оние што зад себе влечат добиток за да го подарат; калуѓерите одат пред нив, се пробиваат низ настисканиот народ и им прават пат; пред секој што носи дар, зурлите одат напред, свират, а дарителот по нив; свртуваат по три пати околу црквата со добитокот и потоа им го предаваат на калуѓерите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Четворицата му прават пат да помине.. Утредента пак доаѓа пратеникот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Прво до добитокот! - рече па се наведна и почна да фрла снег лево и десно, правејќи пат кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Си прават пат со лактите. Како да плуска пороен дожд.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И ние уплашено им правиме пат и ги поздравуваме. И сѐ додека се плашиме, тие ќе газат преку нас.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Па после се рече да правиме пат за кон Боишта. Удрија барабанче низ селото, го свикаа народот и кажаа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)