прави (гл.) - ручек (имн.)

Па ние и со едно јајце некојпат правиме ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ане го зеде лончето во раце додека правеа ручек со Дора и почна да го разгледува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И ноќеска ќе стоиме потпрени на прозорецот, резимирајќи го поминатиот ден: Станавме се измивме јадевме ѓеврек штракавме по тастатура некој ни се јави правевме ручек прошетавме на сонце гледавме вести читавме остана уште камионот, за сѐ да се заокружи.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)