прави (гл.) - свадба (имн.)

Та со што ќе пречека сватовштини? Со што ќе прави свадба?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова е вдовец и вдовица! Ако сака господ да им даде челад и да дочекаат — тогаш ќе прават свадба десетпати поголема од двете негови што беа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој не правил свадба тој не знае ништо од веков. Особено селска и мариовска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, речи, па да правиме свадба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во моментот кога ќе треба да се најдам во првите борбени редови, јас правам свадба
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тоа е, сепак, убаво нешто што секогаш ќе сакаш да го погледнеш, ако не од овие причини, тогаш заради децата, кои многу сакаат да си ги гледаат своите родители како во улога на Кен и Барби правеле свадба, и во чудо да прашуваат: „А, каде сме биле ние тогаш, мамо, и зошто нè нема нас?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја грабаш и правиш свадба со неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Денес ако ми дувне да ја оженам, утре ќе правам свадба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја грабаш и правиш свадба со неа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ами ти да не правиш свадба, првиче, ми вели Лазор Ноческм, кој ќе го јаде телето, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)