Кај Ботеро, социјалната комедија не гаѓа грижи на совеста, неговите ликови се среќни накрај да бидат јавно, официјално, без никаков срам она што тие се во длабочината на душата; тие накрај се совпаѓаат со самите себе и тоа ги прави среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Секој предмет во него будеше јато од спомени, кои го пленуваа целиот и го правеа среќен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ако тоа го прифатиш како отворено, искрено чувство кон најблиските може само да те прави среќен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Всушност, собраното во оваа книга, и самиот наслов на книгата, се резултат на таа нова творечка возбуда и на неа гледам како на задоцнета рожба која својот подостарен родител го прави среќен и возгордеан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Реалноста паѓа во очи, ме разочарува, а потоа ме прави среќна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тие пред себеси конкретно ја имале Македонија, поробена и жестоко експлоатирана, и помислата дека преку жртвувањето на своите животи ќе можат да ѝ помогнат ги правела среќни и недоверчиви кон поинаквото сфаќање на ослободителната борба.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но тоа не значи дека ваквите разговори ме прават среќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таквото однесување како да ја правеше среќна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислам оти ваквото поигрувања на Рајна со срамното ѓаволче во себеси произлегуваше од нејзината нескриена намера да биде посакувана од сите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па ако било така зошто да не поверувала оти е нормално да биде посакувана и од оној на кого Господ посебно му го доверил правото да избира помеѓу повеќе жени бидејќи тоа и него и нив ги правело среќни?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А можеби беше во прашање и нешто друго, нешто повеќе, за што не сум доволно упатена а и не сум спремна да судам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тие се ситни и не се однесуваат на животот и смртта, туку на илјадници мали задоволства на телото и умот што секојдневно лебдат околу нас - мирис на дрво, пеење на птици, гласови на деца - и нè прават среќни, во нашите куќи, што се повеќе од куќи. (превод: Марјонка Велјановска) 20 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)