Ги имаше урнатините на цел еден свет во себе, со едно проклето чувство за својата бессилност за спротивставување, со еден впечаток за себе, како сега во времето додека беше буден, да се загубиле од него сите маѓии за животот, кои му ги правеле онака негови и онака вистински сите дотогашни негови денови, и чиниш сега, тука, на тоа тврдо легло, да почнала да никне на неговите рамена, по неговото лице, во неговиот поглед, една тешка тупа муцка на коњ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да бидеме јасни, иако прагматичниот став може да ја ослободи AI од антропоцентричното ограничување (т.е. компјутерите да мора да прават онака како што правиме ние), тоа не ја намалува нашата зависност од неопходноста на поставеното причинско раздвојување помеѓу биолошките и когнитивно/ психолошките нивоа на дескрипција.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)