прави (гл.) - толку (прил.)

Тој си имаше своја сметка и си ја правеше вака: Толку крштења, по два черека бели, прават толку; толку венчања по половина лира, прават толку; толку умирања — по бела меџудија, прават толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што ја прави толку различна од останатите?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќерката најпосле ги проникнува и ги отфрла мистификациите на родителскиот договор, сфаќајќи дека мајчините отровни изјави на љубов дејствуваат само како стратегии за озаконување на бескрајната емоционална злоупотреба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој миг на победоносна визија и отпор, ќерката ја остварува својата морална независност – иако историскиот одговор на мајка ѝ, увеличен со алкохоличарската дементност на ликот и разгорен од нејзината шумоглава лишеност од секакво чувство за општествена умесност, лесно го потиснува во заден план искрениот и самозадоволен морализам на ќерка си. ‌Во Милдред Пирс, пак, токму одбивањето на ќерката морално да надмогне во расправијата, нејзиното одбивање на сите семејни вредности, ја прават толку неодоливо привлечна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали страдањата прават толку многу да си личат луѓето?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ретко правам толку директно комплимент за една книга, но во овој роман има могу, многу, многу шарм, човечност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И сега ти тоа го правиш толку изнасилено што ниту едно детенце не се чувствува вистински погалено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)