На тој начин, извесни директни, некодирани претстави на гејството се ставаат наспроти кодирани, фигуративни претстави на гејството, а од читателите се бара да ги изберат оние што ги претпочитаат, па да гласаат за претставите што позадоволително одговараат на нивните замисли за геј-културата или за тоа што тие би сакале да биде геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ТОНИ го решава проблемов така што на првото место од својот список на „Десетте најдобри моменти во геј-културата на Њујор Сити“ не ги става стоунволските безредија – тие се на второ место – туку на „Руфус ја пее Џуди“, настапот од 2006 г. во Карнеги хол во кој Руфус го преизведе легендарниот концерт на Џуди Гарланд од 1961 г. и ги отпеа сите песни по истиот редослед и во истиот простор.434 Сепак, ТОНИ на читателите им го дава изборот мошне остро.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па што е погеј, прашува списанието, Планината Броукбек или Сексот и градот?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што е срочено во уводникот во ТОНИ, „Не мора да си отворено геј за да бидеш навистина настран“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)